Рикардо: Сеуште верувам дека припаѓам во Ф1

Иднината на Даниел Рикардо во Гранд При тркањето е неизвесна, возачот е на пат да ја прекине соработката со Мекларен, но сеуште верува дека припаѓа во Формула 1.

Летната пауза годинава почна со веста дека Фернандо Алонсо потпишал за Астон Мартин од следната година, по фабричкиот Алпин тим го потврди Оскар Пиастри за нивни возач. Но, австралијанецот демантираше дека има договор со французите, по што се појавија шпекулации дека младиот возач има преддоговор со Мекларен, но за остварување на истиот, секако прво треба Даниел Рикардо да замине од Вокинг.

Возачот на Мекларен не сака да ја коментира својата иднина, а во своето последно интервју призна дека неговото останување на гридот не е целосно сигурно.

има некои работи кои ме мотивираат да останам во мекларен како на пример конкуренцијата на оваа тркачка серија како на никое друго место каде 20 луѓе се борат за иста работа. времињата се мерат во илјадитинки така што јас сакам да бидам дел од таа група, да се тркам во таа група – посочи австралијанецот.

Рикардо има потешкотии откако дојде во тимот во пресрет на минатата сезона, но успеа да дојде до победа на Монца лани, триумф кој ги изненади сите. Тој смета дека среќата може да му се промени и повторно да биде силен, но пред се се чувствува дека припаѓа на елитата.

овдека за успех се смета нешто што е навистина одлично поради големиот влог. секкао дека се ризикува за да се победи на трка, не е како да се шетеате во парк, во игра е се, мора да извадите се, сите ве притискаат, ментално и физички.

поради сето тоа и наградата е огромна, веројатно ќе продлжам да се тркам тука, сакам да се тркам тука, но има некои работи. верувам дека можам да бидам силе, верувам дека припаѓам во формула 1 и дека можам да возам во оваа серија.

го сакам спортот, сакам да знам дека секој викенд ќе бидам на гридот и ќе возам. монца лани беше една недела пред зандвор и никој не предвидуваше дека ќе победиме, ни јас не верував, така што викендот беше прекрасен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ