Рикардо: Уште малку време остана за да се тетовираме со Сирил

Даниел Рикардо смета дека останало уште малку време да направат идентични тетоважи со својот поранешен шеф, во спротивно облогот ќе стане стара и достадна вест.

Во текот на својот двегодишен претсој на Рено во 2019 и 2020 година, Рикардо имаше облог со својот тогаше шеф, Сирил Абитебул, дека ако стигне до подиум, ќе треба да направат идентични тетоважи, за кои дизајнот ќе биде на Дани, а местото и големината предлог на Сирил, Топ 3 пласманот беше испорачан лани на Ајфелското Гранд При во Нирбургринг, кога австралијанецот заврши на 3то место, зад Луис Хамилтон и Макс Верстапен.

Првичниот план беше тетовирањето да се направи во текот на зимата, но ситуацијата се искомплицира затоа што Рикардо направи трансфер во Рено, а Абитебул замина од Рено и е дел од компанијата, но неговите работни задачи не се поврзани со Формула 1.

Возачот откри дека добил електронска порака од Абитебул, на која патем веднаш одговорил, и има намера да притисне за реализација на облогот.

добивм многу пораки и видов дека добив порака и од него. пишуваше и за тетоважите, така што сум голем оптимист дека ќе ги направвиме заедничкте тетоважи пред крајот на годината, во спротивно тоа ќе се одвлече и ќе стане стара и здодевна вест. убеден сум да го реализираме што поскоро – посака рикардо.

Запрашан за дизајнот на тетоважата што е негов дел од работата, тој рече дека сака истиот да асоцира на Германија, локацијата каде се случи успехот.

морам уште малку да размислам, но веројатно ќе биде нешто со германски шмек затоа што таму го постигнавме успехот и поради тоа ќе биде нешто традицонално.

Годинава Рикардо повторно им облог со својот шеф, овој пат има ветување дека по топ 3 финиш, ќе добие можност да го вози болидот на неговиот идл Дејл Ернхард од 1984 година, нешто на што веќе чека.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ