Рикардо фрустриран од ритамот на Албон

Возачот на фабричкиот тим на Рено, Даниел Рикардо, призна дека бил по малку тажен што го загубил 3то место на Тосканското Гранд При од Алекандер Албон кој буквално летал по патеката за време на последната серија од трката.

Австралијанецот се обиде да остане блиску и д го притисне Албон да направи грешка, но на крајот мораше да се задоволи со 4то место и изедначување на најдобриот резултат кој го има постигнато со тимот оваа година на Спа.

Средниот дел од трката Даниел го одработе на 3то место, а по вториот сторчки старт дури го мина и Валтери Ботас, кој по само еден круг веднаш си ја врати позицијата.

некаде сум на средина со чувствата од среќен и исполнет кон малку тажен. вистина е дека е слично како монца минатата недела, се ставивме себе во најдобра можна позиција и направивме се што можеме, но на крајот го немавме тоа што е потребно да дојдеме до подиум.

бев фрустриран кога го видов ритамот на албон затоа што во првата и втората серија возевме исто, не ми бегаше од почетокот на трката на софт, така што не очекував тоа да се промени.

Потоа, на крајот, тие навистина напреднаа многу и беше јасно дека во третиот сектр беше многу побрз од нас и тоа му дозволи да ми се залепи и до дрс лесно да ме мине. тоа беше секторот кој беше значаен за нив, секторот каде правеа разлика и каде беа многу силни, од 12та до 15та кривина од патеката. бев фрустриран затоа што воопшто не очекував таков ритам од ред бул – објасни рикардо.

Тој сметал дека може да искористи од неискуството на Албон и поради тоа го притискал до самиот крај за да направи грешка

знаев дека ако се задржам зад него неколку кругови, можеби ќе си ги уништи гумите, но тој исчезна од пред мене и тоа многу брзо, така што морав да се помирам дека останувам без подиум.

но, мислев и дека е во ред затоа што дечкото никогаш се нема начено на подиум претходно, се обидов се, се трудев да притиснам и да го приморам да погреши, но беше пребрз. неколку пати забележав дека со едно тркало отиде на песокот во 5та кривина и мислев дека претерува со форсирањето или станува неровзен.

првите пет кругови откако ме мина имаше толку многу брзина што немав шанса да сторам ништо и мислам дека по неколку кругови се стабилизиравме, но беше предалеку, а јас не намалував од предноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ