Рикардо: Хард гумите беа ужасни

Даниел Рикардо изјави дека хард гумите биле ужасни и поради тоа излетал и го удрил Ленс Строл. 

Тој смета дека првиот круг бил хаотичен и од тој момент трката не му се подобрила. Стартувајќи на софт, тој првата промена ја направи во 16от круг, но промената на хард гуми не му помогна. 

Хард гумите беа ужасни. Мислам дека на софт бев доста брз и мислам дека само медиум можеше да ми помогне, Но излегов на хард и тоа беше како на мраз.

Имав и контакт со Ленс. Се обидов да не го удрам, но излизгав кон него и Му се извинувам за тоа – објасни австралијанецот.

Рикардо доби 5 секунди казна за контактот и трката ја заврши на 15та позиција, надвор од поени.

Имаше повеќе лоши моменти од добри. Стартот беше добар, но понатака не беше. Се сеќавам дека во првиот свиок Алпин ме исфрлија од патеката и беше хаотично.

Кога се потрошија софт гумите мислев дека ќе преминам на медиум. Имав само еден добар потег кога ги поминав двата болиди на Алпин и подоцна пробав да го поминам Строл, но го удрив. Се обидов да избегнам контакт, но не успеав и добив казна. 

Формула 1 сега оди на летна пауза, а Рикардо очекува повеќе перформанси на Спа. 

Со нетрпение ја чекам паузата за да одморам и се надевам на повеќе брзина во вториот дел од сезоната. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ