Родниот град на Шумахер оди во историја

Родниот град на Формула 1 легендата, Михаел Шумахер, ќе доживее трагичен крај и целосно ќе биде збришан.

Селцето во моментов има само 12 жители и ќе биде целосно уништено за да се направи простор за најголемиот рудник за јаглен од отворен тип во Германија. Сепак, во текот на рушењето и отстранувањето, неколку клучни места ќе останат недопрени како на пример куќата во која Михаел е роден како и легендарната картинг патека каде почнувал да се трка.

Керпен-Манхеим е местото на раѓање на Црвениот барон, место каде тој израсна во седумкратен Ф1 првак, а самото градче имаше огромна корист од својот славен станар. Михаел токму таму се ожени со својата сопруга Корина.

Планот е на местото на градчето и околиата да никне огромниот Хамббах рудник за јаглен, а работите ќе почнат со градење многу скоро иако се очекува истиот да почне со работа во 2029 година. Ископите се очекува да стигнат до малото место следната година, така што освен црквата, куќата и картинг патеката, се други ќе биде уништено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ