Розберг ги критикува односот и ставот на Верстапен во Џеда

Поранешниот Ф1 првак, Нико Розберг, упати критики кон Макс Верстапен за неговиот однос и став за време на викендот за Големата Награда на Саудиска Арабија.

За време на квалификациите, холанѓанецот тој беше елиминиран во К2 поради дефект на погонот. Шампионот се опорави на трката и заврши на 2ро место, а неговиот тимски колега Серхио Перез ја освои петтата победа во кариерата. И покрај неговото силно возење до подиумот откако стартуваше од задниот дел на гридот, Верстапен изрази незадоволство по трката, инсистирајќи дека не вози за да заврши втор.

Розберг, кој го освои светскиот шампионат во Ф1 во 2016 година, го критикуваше актуелниот носител на титулата.

Не е добро да се гледа тоа. Ни беше кажано дека не присуствувал на состанокот на тимот во саботата – изјави Розберг.

Мислам дека тоа не е добар пристап или менталитет толку рано во сезоната кога тимот заврши толку брилијантна работа и работеше толку напорно. Мислам дека може да биде поблагодарен – смета нико.

Верстапен моментално води во Формула 1 шампионатот откако го обезбеди најбрзиот круг на трката во Џеда, правејќи го тоа во последниот круг. Перез ја доведе во прашање ситуацијата по трката, изјавувајќи дека добил различни информации од Верстапен од тимот.

Без разлика, во текот на целиот викенд беше јасно дека Ред Бул го поседува најбрзиот болид, поддржувајќи го своето силно темпо од трката на отворањето на сезоната во Бахреин. Чеко стигна до победата, која тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер ја опиша како негова најдобра победа во Ф1 досега.

Би рекол веројатно дека тоа беше најдоброто Гранд При на Чеко да бидам искрен со вас – рече Хорнер.

Добро се снајде, тој имаше темпо, а двајцата момци, особено по безбедносното возило, притискаа рамномерно.

Значи, можеше да се види дела релативното темпо над остатокот од гридот во тој момент беше извонредно.

Ред Бул уживаше во доминантната сезона во 2022 година, освојувајќи 17 од 22 Гранд При трки што беа одржани таа година. Сепак, не беше лесна сезона за нив бидејќи бе принудена да се борат со други работи како што е прекршувањето на буџетската граница.

Токму кога се чинеше дека полемиката за прекумерното трошење зоврива, се појави тензија во тимот поради тимска расправија на Бразилското ГП, каде што Верстапен одби да го пропушти Перез среде неговата борба за второто место во поредокот. Ред Бул ја залади ситуацијата во неделите што следеа, но се чини дека нема хармонија меѓу двајцата возачи.

Со оглед на нивната предност на предниот дел од гридот, веројатно е дека двајцата ќе бидат оние кои најчесто се натпреваруваат за победи на трка оваа година. И ако е така, Ред Бул би можел да има работа да ги држи своите возачи под контрола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ