Розберг предвидува проблеми помеѓу Макс и Шарл

Поранешниот Формула 1 шампион, Нико Розберг, смета дека борбата за титула во досегашниот дел од сезоната помеѓу Шарл Леклер и Макс Верстапен била фер, но очекува тоа да се промени како што сезоната напредува.

Годинава двајцата се борат многу фер и без никакви инциденти, а не пропуштаат да откријат колкава почит имаат еден кон друг. Ферари се во низа од две последователни победи, Леклер се врати во игра за возачкиот наслов и на патот е да го намали заостатокот од 38 поени во однос на актуелниот првак.

Нико е шокиран колку фер се борат и тркаат двајцата.

искрено многу сум изненаден затоа што премногу пати интензивно се тркаа премногу блиску и во ниту еден момент немаше инцидент. немаше ниту спорен момент кој ќе крене прашина, а тоа е огромно изненадување за мене – посочи розберг.

Сепак, Нико посочува дека хармоничниот однос тешко да се задржи до крајот на сезоната.

би се обложил во се што имам дека нема да продолжат толку хармонично. нема да трае цела сезона. со бројот на пати колку што одат преблиску и директно се тркаат, сигурно ќе има момент кога ќе има контакт и ќе има цел куп различни мислења околу инцидентот.

ќе видиме, но како обожавател на спортот јас секако дека сакам атмосферата да се загрее повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ