Розберг: Разделбата на Луис и Кален ќе ја влоши ситуацијата

Првакот од 2016 година, Нико Розберг, верува дека одлуката на Луис Хамилтон да се раздели од долгогодишниот тренер, Анџела Кален е погрешна.

Во текот на тркачкиот викенд на Џеда, Луис потврди дека ќе ја прекине соработката со Анџела по крајот на викендот. Таа е крај него неколку години и му помага во тркачките викенди крај пактеата. Тото Волф откри дека самиот Хамилтон ја донел одлуката да ја прекине соработката со Анџела.

Розберг, кој до 2016 година му беше колега на Хамилтон и заедно возеа за Мерцедес четири години пред да се повлече, смета дека седумкратниот првак донел погрешна одлука.

мислам дека разделбата само ќе ја влоши ситуацијата затоа што таа е вистински шријател, за него секако беше еден од најдобрите. со вашиот тренер минувате најголем дел од тркачкиот викенд, одите на вечера со многу мала група на луѓе, можеби член на семејството и секако вашиот тренер, така беше и со луис. сигурен сум дека ситуацијата не е идеална.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ