Розберг смета дека Ферари се сурови кон Леклер

Нико Розберг смета дека Скудерија Ферари биле навистина нефер кон Шарл Леклер за време на Кинеското Гранд При кога му наредија на свјот нов возач да му ја предаде позицијата на Себастијан Фетел.

Иако германецот ја почна трката од 3то место, пред Шарл, младиот возач имаше подобар старт и му го превзема местото. Себ со следеше Леклер 10-тина кругови и иако имаше можност за користење ДРС, не успеа да му се доближи и да го нападне.

Потоа Ферари му јавија на Леклер дека Фетел е побрз и сметаа дека тој треба да му го отстапи своето место за Себастијан да тргне по Мерцедес. Следуваше стратегија со долги серии на Ферари по која Леклер го загуби и 4то место на кое стартуваше од Макс Верстапен.

свесен сум дека мораа да пробаат нешто, но сметам дека беа премногу строги кон леклер. сметам дека сфатија дека таквата стратегија не им онесе ништо, но беше многу нефер кон возачот.

за себстијан изгледаше исправно и тој доби, но беше многу лошо по леклер кој имаше и ритам и брзина во тој дел од трката. фетел мина иако јас мислам дека не беше побз. ова не е начин да му се одземе пасманот на некој возач – анализира розберг за Sky Sports.ж

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ