Розберг со пофалби до Верстапен: Самошто почна

Формула 1 првакот од 2016 година, Нико Розберг, го пофали ново-стариот шампион, холанѓанецот Макс Верстапен.

Германецот врува дека Макс покажал дека е еден од најдобрите возачи ан сите времиња по импресивната сезна со 15 победи во текот на годината, а откако лани успеа да го победи Луис Хамилтон за титулата во последниот круг од последната трка.

тој е неверојатен возач, двоен светски првак со многу победи на трка, повеќе од фернандо алонсо. верстапен е веќе еден од најдобрите на сите времиња, а самошто почна. оваа деценија ќе го потврди она што го зборам затоа што неговото ниво на перформанси е неверојатно, сите го гледаме тоа – посочи нико.

На почетокот на сезоната, Шарл Леклер и Ферари беа доминантни, а моначанецот имаше дури 46 поени предност пред Верстапен во поредокот, но возачот на Ред Бул беше импресивен потоа. Розберг смета дека Макс одработил една од најдобрите сезони од страна на еден возач во историјата.

мораме да разбереме дека не беше најбрз од самиот почеток на сезоната, немаше доминантен пакет на почетокот. ферари беа најбрзи на првите трки, а потоа тој имаше нееројатни 15 победи во текот на годината.

ако ги погледнете поени, имаше 146 поени повеќе од било кој друг, тоа е неверојатно, една од најдобрите сезони одработени од некој возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ