Рос Браун: Фетел ќе треба многу да се докаже во Рејсинг Поинт

Спортскио и оперативен шеф на Формула 1, Рос Браун, смета дека Себастијан Фетел ќе треба многу да се докаже и да донесе силни рзултати во Рејсинг Поинт следната тркачка сезона.

Четирикратниот шампион ќе го менува мексиканецот Серхио Перез во тимот, човекот кој победи на последната трка, по низата одлични резултати и подиум до кои дојде во последно време. Чеко е се посилен во последно време, сосема спротивно на Себ кој иако има неконкурентен болид е далку од перформансите на својот колега.

шакир беше целосно заслужена победа на чеко. како што реков минатата недела, рејсинг поинт не го постигнаа тоа што се очекува од нив, но на последната трка се поправија и тоа како. честитки и сета заслуга е нивна.

беа подготвени и искористија се што им се пружи, но чеко возеше феноменално. сите сакаме да го гледаме во формула 1 и следната година и че биде вистинска трагедија доколку не најде место – смета рос.

Искусниот британски инженер смета дека Рејсинг Поинт може да зажалат што го отпуштиле искусниот Перез.

екипата мора сериозно да ја преиспитува одлуката која ја донесоа и фактот што ќе го загубат и покрај тоа што вози фантастично во последно време. неговага замена, себастијан фетел, сигурен сум дека ќе биде посилен следната година затоа што минува низ тежок период, но чеко им е посигурна опција.

ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат работите следната година. на некој начин себ има многу да се покажува и докажува и покрај тоа што е четирикратен првак.

Единствена опција за Перез за останување на гридот во 2021 година е Ред Бул кои пак сеуште се неодлучни дали да го задржат Александер Албон или не следната година, но се очекува таа одлука да се донесе на крајот од сезоната. Многумина сметаат дека “биковите“ имаат лесна одлука со оглед на искуството, перформансите, брзината, но и парите кои Чеко ги носи со себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ