Саинз: Болидот беше подобар од мојот резултат

Карлос Саинз им помогна на Ферари во борбата за поени со завршница на седма позиција во Шпанија каде локалниот херој изјави дека е среќен со перформансите, но не и со резултатот. 

Саинз стартуваше од 6то место, две позиции зад Шарл Леклер, но изгуби две позиции на стартот и успеа да врати само една. 

Не сум задоволен да бидам искрен и Болидот беше подобар од резултатот. За прв пат мислам дека имавме најбрз болид во средниот ред.

Треба да анализираме и да имам подобар старт. Од таму ми започна борбата. Престасувањето е многу тешко, Имавме добра стратегија и добри промени на гуми – смета шпанецот.

Саинз при крајот на трката се бореше со Ландо Норис кој жестоко се обиде да ја одбрани позицијата со неколку промени на правец на крајот од рамнината, за што беше предупреден. 

Од моја страна мислам дека имав близок контакт со Норис. Речиси се удривме, но зборувавме за тоа по трката. 

Саинз ја доби седмата позиција од Естебан Окон и објасни зошто не успеал да го стигне Рикардо. 

Имавме исти гуми и споредено со Мекларен бевме побрзи за две до три десетинки. Но и во нечист воздух мислам дека можам да бидам побрз од болидот напред.

Имав брзина, но не беше доволно за да го престигнам Рикардо. Се обидуваме да добиеме крајна брзина и се надевам дека ќе сме подобри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ