Саинз верува дека Ред Бул ќе постапат исправно со Гасли

Поранешниот член на Акадеијата на Ред Бул, Карлос Саинз, смета дека Ред Бул ќе донесат исправна одлука во врска со Пјер Гасли и покрај најавите дека доколку Александер Албон биде отстранет, ќе донесат возач од надвор.

Французинот беше дел од јуниорската програма на “биковите“, а во Формула 1 влезе во 2018 година преку Торо Росо, за следната да биде унапреден во Ред Бул поради заминувањето на Даниел Рикардо. Гасли успеа да дојде до подиум во Бразил лани откако беше повторно вратен во Фаенца, а годинава победи на Италијанското Гранд При по што познавачите на спортот велат дека е подготвен да се врати во Милтон Кинс крај Макс Верстапен.

Според Пол ди Реста, поранешниот возач и сегашен стручен аналитичар на Sky, при своето заминување од Ред Бул, Гасли налутил важни луше во компанијата и поради тоа немаат намера да го вратат во конкурентниот болид, поради што медиумите почнаа да шпекулираат дека французинот се интересира за место во Рено догодина.

Тој нема да биде прв кој ќе тргне по тој пат откако Карлос Саинз во втората половина од 2017 година исто така од Фаенца мина во Рено, а потоа и во Мерцедес.

не знам дали ред бул ќе му дозволат на гасли да мине во енстоун, секој случај е различен затоа што се различни сценарија. сите ја знаат мојата приказна, зошто заминав и зошто ми беше дозволено да возам за рено.

кариерата на пјер е различна од мојата, а тоа што сега е во торо росо односно алфатаури, а не во ред бул и дава одлични резултати е целосно различно од мојата кариера – смета шпанецот.

Сепак, Саинз е убеден дека доктор Хелмут Марко и Кристијан Хорнер ќе донесат вистински одлуки во врска со кариерата на французинот.

сигурен сум дека марко и кристијан хорнер се доволно мудри и објективно ќе донесат одлука како што донесоа за мене и многу ми помогнаа во кариерата. сигурен сум дека ќе му помогнат и на пјер и ќе донесат вистинска одлуказа него. јас имам само убави зборови за ред бул и сето тоа што го направија за мене и мојата кариера.

Во врска со тоа дали Гасли треба да замине во Рено како партнер на Фернандо Алонсо следната година, Саинз изјави:

нема да давам совети за кариерите на други возачи и нешто слично. за мене пјер е французин кој ако оди во рено ќе биде многу значајно за компанијата одошто порано. му посакувам се најдобро затоа што во моментов е одличен во формула 1 и сакам да продолжи да напредува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ