Саинз емотивен: Никогаш нема да го заборавам овој ден

Карлос Саинз победи за прв пат во неговата кариера по 150 Гранд При стартови и драматичното и незаборавно Британско Гранд При.

Тој остана без зборови по историската победа за која жестоко се избори. До победата успеа да стигне по тешка борба против Макс Верстапен, колегата ШАрл Леклер и седумкратниот првак Луис Хамилтон.

Не знам што да кажам. Победив за прв пат по 150 трки, победив со Ферари на Силверстон, немам што повеќе да кажам. Ова е посебен ден кој нема никогаш да го заборавам.

Им благодарам на сите за подршката и поздравите. Успеав да издржам до крај и сум среќен поради тоа – посочи само вториот шпанец кој победил во формула 1.

Саинз викендов имаше проблеми со горивото откако се бореше со ривалите. Откако ја заврши работата се појави безбедносното возило кое го промени курсот на трката.

Не беше лесно затоа што се мачев со балансот на медиум гуми. Макс форсираше многу во брзите свиоци, Но успеав да останам во борба и по рестартот под безбедносно возило. Сакав да ја завршам работата и да победам.

Силверстон е посебно место за мене. Тука победив прв пат со Формула БМВ во 2010 година, слично како сега со Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ