Саинз за својата поранешна екипа: Мекларен може да стане сила во Ф1

Карлос Саинз, поранешниот возач на Мекларен, верува дека тимот од Вокинг се гради да стане сила во Формула 1 и може сите да ги изненади со новите правила од 2022 година.

Шпанецот минатиот месец го имаше последното појавување во болидот на Мекларен на Големата награда на Абу Даби, последна трка од сезоната, по што направи трансфер за следните две години во Скудерија ФЕрари.

Годината пред Карлос да дојде во Вокинг, екипата беше на 6то место во поредокот, во 2019 година се подоби и по пауза од 5,5 години дојдоа до подиум во Бразил. а лани завршија на 3то место во конструкторскиот поредок. Двајцата возачи дојдоа до подиуми во 2020 година, а тимот сезонава ќе стане уште посилен поради моторот на Мерцедес кој се планира да се користи.

Карлос забележал колку работи во тимот се промениле откако прв пат стапнал во Вокинг во Декември 2018 година.

чувствувам како екипата да напредуваше од многу, многу позади од тестот во декември 2018 година кој за прв пат го одработев за нив. групата на луѓе е многу силна, но имаат уште доста перформанси за надоградување, сеуште се секунда по круг побавни од мерцедес.

но, во исто време, мислам дека екипата одлично се формира за 2022 година и огромната промена на правилата и тогаш навистина ќе покажат што можат. ќе имаат соодветна и добро скроена структура и мислам дека во иднина мекларен ќе биде сила во формула 1 – најави саинз.

Саинз заедно со својот колега, Ландо Норис, беа одлични сезонава за тимот и му помогнаа да го обезбеди 3то место во шампионатот. Нивниот однос на патекат и надвор од неа беше одличен и двајцата станаа блиски пријатели.

почнавме “од нула“ во 2018 година и поради тоа немавме никакви очекувања, никој немаше замерка за никого. ландо и јас одлично се сложувавме, но и одлично работевме за доброто на тимот. веднаш се почувствував како дома во таа одлична група на луѓе која беше многу мотивирана и горд сум што бев дел од мекларен.

сите сакаа екипата да напредне, сите се трудеа максимално за таа цел, а моментумот од првата година го пренесовме и во следната. полесно е кога имате нагорен тренд како што имавме последните две години, моментумот сам се надоградува и постојано се подобрувате.

чест ми е и горд сум што бев дел од тимот, дефинитивно ќе го паметам искуството засекогаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ