Саинз изненаден од Мерцедес: Мислевме дека се зад нас

Двајцата возачи на Ферари завршија зад двајцата возачи на Мерцедес на Саудиското Гранд При и покрај тоа што Скудерија очекуваше посилен викенд.

Карлос Саинз остана изненаден што двата сребрени болиди имале посилен ритам од нив, нешто што не очекувал иако тимот имаше подобар викенд на Џеда одошто во Бахреин. Шпанецот посочи дека им претстои многу работа за да стигнат пред Мерцедес.

по петочните сесии дури и во пресрет на викендот мислевме дека сме пред мерцедес, дека сме побрзи од нив. по квалифиакциите, со кругот на шарл кој беше одличен, иако мојот не беше, сметавме дека сме пред нив, а верувавме и дека ритамот на трка е подобар од нивниот, бевме убедени во тоа.

имаме многу работа во развојот пред нас, но за жал не занеме кога развојот ќе биде донесен на патеката, а до тогаш, мораме да се задоволиме со ова што го имаме. мислам дека последната серија на хард бевме навистина бавни и треба да видие зошто тоа беше така – изјави саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ