Саинз имал проблеми со вратот по сударот од Петок

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, изјави дека имал болки во вратот од тешкиот судар на петочниот тренинг. 

Тој излета на вториот тренинг во Петок и удри во бетонскиот ѕид во 14 свиок, а следниот ден негодуваш на возачкиот брифинг поради фактот што во тој дел од патеката нема Текпро бариери и директно се удир во бетонска ограда.

Шпанецот се врати посилен во Сабота и се квалификуваше на втора позиција зад колегата Шарл Леклер. На трката ја загуби позицијата на стартот од Макед Верстапен и заврши на 3то место. 

Сум бил и подобар. Очигледно имав болки во вратот од сударот во петокот, но успеав да се справам со тоа. Се борев со Чеко на крајот, тој имаше нови медиум гуми и беше тешко да го задржам назад.

Саинз сеуште ја очекува својата прва победа и се мачи да се справи со болидот на Ферари, а два пати на првите четири трки не заврши.

Не беше воопшто лесно. Беше тешка трка со гумите и со топлината. Болидот доста лизгаше. На крајот мислам дека ја заслужив позицијата и одиме напред на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ