Саинз и Норис охрабрени по квалификациите

Возачите на Мекларен, Карлос Саинз и Ландо Норис, се вчудоневидени од пласманот на квалификациите откако и двајцата сметаа дека тоа ќе биде тешка сесија за тимот.

Саинз ќе стартува од шесто место, додека Ландо Норис ќе се намести веднаш позади него на 8та позиција, а покрај нив ќе бидат присутни болиди на Рено.

Многу сум среќен со шесто место по тешка сесија. Имавме добра форма во Т3, а откако почнаа квалификациите, видовме дека имаше промени во временските услови, што влијаеше над болидот.

Сепак, успеав да возам добри кругови. Ова е добра стартна позиција за трката и мора да ја завршиме работата.

Од друга страна, Ландо Норис ќе се бори со Окон на стартот. 

Имав тешки квалификации, со се што се случуваше, Но болидот има добра форма и имам доверба во истиот. Немав нови пневматици во последниот дел и тоа ми наштети. Сепак сум среќен. 8мо место не е лошо. Беше блиску, но не можев подобро. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ