Саинз не сака да вози легендарни болиди

Карлос Саинз конечно објасни зошто не сака да вози легендарни Формула 1 болиди, откривајќи дека има страв да не ги оштети. 

Возачите често се зад воланот на легендарните болиди на настани за забава на фановите. Себастијан Фетел се најде зад воланот на Вилијамсот на Најџел Мансел од 1992 година на Силверстон, додека колегата на Саинз, Леклер го возеше Ферарито на Лауда во Монако. 

Имав шанса да возам стари болиди во минатото и Тоа ти дава јасна слика колку е напред спортот, Но секогаш сум на два ума дали треба да се ризикува. Сега имаме шанса да освоиме титула. Зошто да ризикувам да се најдам во ситуација како Леклер – посочи саинз мислејќи на сударот на шарл на раскас во монако откако му откажаа сопирачките на старото ферари.

Саинз додаде дека не сака да вози таков болид со штедење бидејќи сака да оди до лимитот. 

Но во исто време, кој друг би добил таква шанса. Кога ќе влезам во легендарен болид многу работи ми текнуваат. Не знам како да влезам и да излезам без да го пробам со полна сила. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ