Саинз под истрага од ФИА поради појавувањето на Дакар

Карлос Саинз е предмет на истрага од стјуардите на ФИА на овогодинешното Дакар рели на кое се натпреварува неговиот славен татко.

Формула 1 возачот е под истрага затоа што му помагал на татко му при еден дефект за време на една етапа од истоштувачкото рели. Саинз сениор е чтирикратен Дакар победник, а годинава е негово 17то појавување на настанот. За време на третата етапа тој мораше да застане за поправка на своето Ауди, а неговиот син беше забележан како ја следи целата процедура, пред автомобилот да биде поправен и релито за шпапнецот да продолжи.

Сето тоа го видел и спортскиот делегат на ФИА кој пријавил прекршување на правилата кај стјуардите. Правилата велат дека никој не смее да му помага на тимот и не смее да се доближи на километар од автомобилот додека истиот се поправа.

Ауди и Саинз постариот посочија дека младиот Карлос не е дел од тимот, но стјуардите се загрижени за целиот настан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ