Саинз сака нов договот со Ферари

Карлос Саинз има договор со Ферари до крајот на 2024 година, но очекува побрзо да добие продолжување на истиот. 

Тој дојде од Мекларен во 2021 година и минатата сезона доби двегодишно продолжување на договорот. Минатата недела имаше гласини за понуда од Ферари до Хамилтон да се приклучи на тимот, но сепак сите гласини беа демантирани. 

Знам дека тоа е дел од годината кога има доста гласини. Прво одев во Ауди, па Шарл во Мерцедес и сега Луис доаѓа во Ферари. Така е секоја година. Долго сум во Формула 1 и знам дека е тој период – незагрижен е шпанецот.

Саинз изјави дека после осум години во спортот, веќе знае што го очекува. 

Порано доста читав вести, но сега се фокусирав на мојот викенд во Монако. фокусот на себе секогаш ми помагал. 

Победникот од Силверстон минатата година се надева дека ќе добие продолжување на договорот за по 2024 година. 

Очигледно не сакам да ја објавам мојата стратегија бидејќи никогаш не кажувам детали од преговорите, Но ме слушнавте во минатото дека кажав дека ми е полесно кога знам каде ќе возам наредната година. Имам план и цел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ