Саинз ги демантира шпекулациите за Ауди

Шпанецот од Ферари, Карлос Саинз, ги отфрли прераните шпекулации околу премин во Ауди во иднина. 

Ауди ќе дојде на гридот во 2026 година како дел од стратешката соработка со Заубер и во моментов германците со полна сила работат на својот мотор. Пред неколку денови се појави натпис дека Карлос Саинз ќе замине од Ферари во Ауди. 

Шпанецот има договор до крајот на 2024 година и веднаш ги отфрли гласините и изјави дека сака да остане во Ферари.

Ме чудат вакви гласини, но уште е рано и јас немам договор ни за 2025 година. Ме изненадуваат вакви измислици.

Никој не проба ни да ја провери гласината. Таа е целосно неоснована. Мене ми е цел да останам во Ферари бидејќи ми е удобно тука и си го живеам сонот – откри карлос.

Иако СФ-23 не ги исполни очекувањата за оваа сезона, Саинз очекува да напредува иако не е задоволен од перформансите ниту на квалиикациите.  Двајцата возачи имаат договор со Ферари до крајот на 2024 година и се отвораат шпекулации за нивните договори. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ