Саинз смета дека можел и до второ место

Карлос Саинз откри дека имал непријатен момент за време на својот последен квалификациски круг во Саудиска Арабија додека се мачел да одржи чекор со најбрзите.

Неговиот колега, Шарл Леклер, го освои 2то место со само 15 стотинки побаен круг од Серхио Перез од Ред Бул во ситуација во која Верстапен имаше проблем и ќе тргне од 15то место.

Саинз ќе тргне од вториот ред откко постави 5то време, но ќе напредне една позиција поради казната а Леклер.

не се чувствував удобно во болидот иако на третиот тренинг беше добро, но, од некоја причина, првиот сектор ми беше тежок, се мачев. не можев соодветно да ги загреам гумите за да притиснам силно низ првите две кривини и секогаш кога притискав силно, губевн контрола во одреден дел што ме чинеше 3-4 десетинки само во тој прв сектор.

јасно е деа тоа е нешто што треба да го разбереме затоа што во болидот не можев да го решам. многу менував и правев подесувања во подготвителните кругови, ги подготвував гумите. освен првиот сектор останатиот круг беше добар и мислам дека можеме да имаме добра трка – оптимист е шпанецот.

Карлос посочи дека овој пат Ферари се фокусирале на перформанси на трка, но и покрај тоа неговиот колега покажал пшто може болидот.

шарл покажа што може нашиот болид и мислам дека ако имаме чиста трка ќе постигнеме многу. јас немав добри квалификации морав да потрошам два сета гуми во средниот сегмент поради проблемите кои ги објаснив и немав два нови сетови за последниот сегмент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ