Саинз ја брани поразителната стратегија на Ферари

Карлос Саинз застана во одбрана на стратегијата на Ферари на крајот од Британското ГП и покрај тоа што загуби многу позиции.

Возачот на Ферари беше на шестото место во поголемиот дел од стартот, но падна на 12то кога го направи своето прво влегување во бокс за тврдите пневматици во 26от круг.

Иако успеа брзо да ја зголеми температурата во гумите и да извози конкурентни времиња на круг, неговата трка беше компромитирана од безбедносното возило.

Возев прилично пристојна трка, одев долго на медиум гума, преминав на хард и се враќав со многу силно темпо.

Тогаш безбедносното возило излезе во најлош можен момент за мене.

Саинз беше слушнат преку тимското радио како разговара со неговиот инженер дали треба да влезат во бокс, на крајот оставајќи го тимот да ја донесе одлуката.

Ова го постави на седмо место при рестартот, но оние околу него со средна и мека гума можеа да притиснат без страв од деградација. Потегот на Серхио Перез низ свиокот Клуб беше следен од Алекс Албон, потоа Шарл Леклер и Пјер Гасли.

Имав 50/50 шанса, затоа и оставив на тимот да одлучи – објасни Саинз во врска со одлуката да не влезе во бокс.

По боксот ќе бев 10ти, без боксот шести. Се обидовме да останеме на патеката, можеби да извозиме три или четири круга, иако Чеко во Ред Бул секако ќе не поминеше – рече тој.

Ризичната стратегија доведе до губење на позиции

Во простор од шест кривини, Саинз падна на 11то место, но успеа да се врати пред Гасли.

Тие претекнувања ги направија веќе истрошените гуми на Саинз уште полоши:

Во секој случај бев готов, бев на искористени тврди гуми против возачи со нови медиуми и меки.

Всушност мислам дека завршив прилично добра работа што останав напред додека Ред Бул на меките не ме помина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ