Саинз ќе вози во Фиорано следната недела

Италијанските медиуми пренесуваат дека Карлос Саинз ќе го има своето прво возење во болид на Скудерија Ферари следната недела на една од патеките сопственост на екипата, онаа во Фиорано и ќе уравува со болид од 2018 година.

Шпанецот забрзано работи на прилагодување кон новата екипа и секојдневно учествува на состаноци со инженерите и работи во симулаторот, но следната недела ќе добие шанса д го повози и две години стариот болид за подетално да се запознат со процедурите кои се на сила во трофејната екипа.

Спроед motorsport.com, Карлос ќе вои во Среда и Четврток, додека се очекува и Шарл Леклер да добие ден во СФ71Х пакетот.

Двајцата пилоти за прв пат ќе се запознаат со своето ново работно место во пресрет на предсезонскиот тест во Бахреин откако тимот најави дека нема да има посебна промоција годинава.

Веројатно неколкуте денови возење со Ферари на Фиорано ќе биде шанса и за некои млади возачи од Академијата на тимот како Роберт Шварцман и Маркус Армстронг додека се очекува и Џулиано Алеси да се појави на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ