Сало открива: Алфа мораа да користат помалку гориво годинава

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стјуард, Мика Сало, откри неколку работи околу контроверзниот мотор на Скудерија од 2019 година како и истрагата и спогодбата која ја направи тимот со ФИА.

Лани екипите кои користеа мотор на Ферари изгледаа најбвавни, а моторот најслаб во однос на испорачаната моќ како резултат од спогодбата и она што Скудерија морала да го направи.

Фредерик Васур се надева дека италијанците оваа сезона ќе го намалат недостатокот на својот мотор и дека ќе може рамноправно да се борат со останатите.

алфа ромео многу страдаше од проблемите на ферари во 2019 година. беа приморани да користат помалку горивно, така што со подобар мотор мислам дека ќе бидат во далеку подобра позиција сезонава – откри сало на својот твич канал.

Финецот не знае ништо околу информацијата дека Ферари заедно со своите две муштериски екипи ќе користат целосно нов мотор сезонава.

не знам дали ќе имаат нов мотор годинава, но алфа ромео треба да добие повеќе моќ за да го искористи својот потенцијал. лани страдаа и се мачеа поради ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ