Сарџент нема да вози на спринтот

Вилијамс го повлекоа Логан Сарџент од спринт трката поради големата штета на неговиот болид за време на спринт квалифиакциите.

Тој заврши на 11та позиција на сесијата, но не можеше да оди напред поради силното излетување во 15от свиок кога заврши странично во оградата. Вилијамсот претрпе голема штета од десната страна на болидот и поради тоа тимот го повлече од спринтот. Неговото излетување беше неколку секунди пред крајот на СК1 и предизвика црвено знаме.

Сарџент се пожали по излетувањето.

Имав добар круг и два болида сакаа да си играат игри во најтешкиот свиок на патеката. Очигледно не ми е работа да удрам во ѕидот и жалам за штетата што ја направив и за тимот кој навистина се потруди за да стигнам таму напред – вели американецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ