Сарџент ужива, но свесен е дека има многу за учење

Дебитантот на Вилијамс, Логан Сарџент, се осврна на своите први три Гранд При трки во Формула 1 и посочи дека уживал во можноста да се трка против најдобрите на светот, но и призна дека има уште многу за учење.

22-годишниот американец по трката во Мелбурн откри дека уживал како никогаш до тогаш.

тешко е да кажам во кој дел не уживав затоа што ми се допадна се. искрено мислам дека самото тоа што се тркам против 19те најдобри возачи на светот ме менува и ме подобрува – објасни логан.

Најдобрата трка за Сарџент беше првата во Бајреин кога заврши на 12то место, а најзадоволен беше со квалификациите кои ги заврши во средниот сегмент и покрај неколкуте грешки и избришаното време.

Цел на дебитантот, помеѓу многуте работи е да има подобри трки и подобар квалификациски ритам.

мислам дека во саудиска арабија доста напреднав на квалификации споредено со бахреин иако немав некој забележителен резултат, но бев супер позитивен. се чувствувам добро во болидо, некако сум стабилен, но знам дека имам уште многу учење особено на трките.

секогаш сум бил убеден кога се возат квалификации, така било во сите претходни серии, само во моментов се обидувам да испорачам подобри трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ