Макс Верстапен беше прогласен за Возач на денот на Големата награда на Саудиска Арабија.
Сосема заслужено, актуелниот првак тргна од 15то место на гридот, напредна дури 13 позиции и на крајот заврши на втора позиција, единствено зад својот колега Серхио Перез.
Дополнително, во својата последна обиколка го постигна и најбрзиот круг на трката и токму тој дополнителен поен го остави на врвот како лидер кај возачите.
Max Verstappen – 26.3%
Sergio Perez – 19.8%
Fernando Alonso – 14.6%
Charles Leclerc – 7.2%
Lewis Hamilton- 6.7%