Саудиска Арабија, Т3: Верстапен недостижен

Нов тренинг на Џеда и нова доминација на Макс Верстапен кој е недостижен, а неговото време беше 6 десетинки побрзо од тоа на колегата Перез и цела секунда побрзо од третопласираниот, во случајов Фернандо Алонсо.

Ленс Строл заостана за 3 стотинки од својот колега со своето 4то време, додека Луис Хамилтон беше 6 стотинки зад него. Шарл Леклер со 6то време беше најдобропласирано Ферари со 3 десетинки побавно време од Хамилтон, а зад него следуваа двата Мекларени, Норис 8 илјадити делови од секундата пред Оскар Пиастри. Пјер Гасли беше само 3 илјадитинки зад австралијанецот, а Карлос Саинз последен во топ 10.

Јуки Тсунода беше најбавен на патеката со над 2 секунди заостаток, а Ник де Врис, неговиот колега, не ни постави време.

Во однос на бројот на круговите, Пиастри извозе најмногу, дури 23 обиколки, додека проблемите го заглавија де Врис во гаража без ниту еден круг.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ