Себ: Алонсо беше многу агресивен на последната кривина

Себастијан Фетел смета дека Фернандо Алонсо бил претерано агресивен во нивната борба за 6то место на последната кривина од Јапонското Гранд При.

Шпанецот од Алпин брзо се приближуваше кон Астон Мартин болидот на Себ откако подоцна сопре за интермедиа гуми, што му даде предност во однос на ритамот кон крајот на трката. Алонсо влезе во внатрешниот дел од последниот свиок и следуваше мртва трка до целта, трка која германецот ја доби и победи со 11 илјадити делови од секундата предност пред Нандо.

Интересно, двајцата иаа инцидент на стартот од трката кога Себ имаше ракетен почеток, но странично се допре до Алонсо и го изврте болидот на првата кривина. Потоа Фетел немаше што да загуби и влезе во бокс штом се повлече безбедносното возило да промени на интермедиа, ризик кој му се исплатеше со оглед на конечниот пласман.

бевме многу, многу блиски, алонсо беше претерано агресивен. бев збунет затоа што немав радио комуникација и ја следев таблата на стартната рамнина со инструкции во врска со траењето на трката и не знаев кога ќе завршиме – откри фетел.

Во врска со контактот од првиот круг тој опиша:

се допревме, јас отидов лево затоа што тој имаше многу бавен старт, а јас супер тргнав. потоа имав лизгање на тркалата по мократа патека, малку аквапланинг и немав целосна контрола. следуваше допир и губење на целосна контрола, но се спасив.

Германецот откри дека можноста веднаш да се промени на интермедиа била дискутирана со тимот пред продолжувањето на трката.

разговаравме за таква можност претходно, екипата разработе стратегија, а јас решив да донесам финална одлука врз база на условите на патеката и се испадна одлично.

Фетел заврши на 7мо место претходната трка во Сингапур и призна дека одличниот резултат во Јапонија бил вистинско уживање за него.

извадивме од болидот повеќе одошто мислевме дека има, дури ги разделивме двата болиди на алпин кои реално се побрзи од нас. успеавме да си ја задржиме позицијата и уживав овој викенд затоа што сакам се од ова место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ