Сеидл: Норис е самокритичен по грешката на Имола

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл изјави дека Ландо Норис жестоко се самокритикувал по грешката на квалификациите на Имола. 

Норис беше на пат да ја освои третата позиција на стартот на трката на Имола, но неговото време беше избришано откако возеше надвор од лимитите на патеката во 9от свиок. Со бришењето на времето, тој “падна“ од трета на седма позиција веднаш зад Даниел Рикардо. Во изјавата по квалификациите Норис беше разочаран од себе. 

Сеилд откри дека го утешил Норис со прегратка бидејќи тој претерал со самокритиката и најважно е да се фокусира на трката. 

Тоа е типичен Ландо, тоа е дел од неговиот карактер и личност. Сум го видел тоа во последните години. Тој успева да се справи со тоа и да го сврти фокусот на главната задача. Тој заврши одлична работа на квалификаиите. Го прегрнав после сесијата но не му се допадна тоа. 

По неколку часа од првата реакција, Норис остана на неа бидејќи таа многу го чинела. 

Сеуште стојам на тоа што го кажав. Можев да сум на трета позција и не сум среќен со тоа што се случи. Трета позиција ќе беше многу добро за нас. На оваа патека не може да се престасува и останувам на мојот коментар. 

Норис беше само неколку сантиметри надвор од патеката но сепак тоа беше забрането. 

Мора да возите по посебна линија доколку сакате да сте побрзи и при мала грешка веќе сте надвор. Тоа е тежок свиок и всушност малку слеп во средината бидејќи не се гледа излезот од свиокот. Би рекол дека е можеби тешко да се суди бидејќи е потежок отколку што изгледа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ