Сете Камара од Мекларен премина во Ред Бул како резерва

Серџо Сете Камара е новиот тест и резервен возач на Ред Бул и Алфа Таури за оваа тркачка сезона. Тој претходно беше дел од јуниорската програма како дел од Торо Росо во 2016 година, а последната година ја мина во Вокинг кај Мекларен.

Камара ќе го дели местото со долгогодишниот резервист на тимот од Милтон Кинс и возач на Нисан е.Дамс тимот во Формула Е, Себастиен Буеми

пресреќен сум што ќе станам дел од семејството на ред бул како официјален тест и резервен возач за 2020 година и ќе работам крај себастиен. следам формула 1 од својата 5та година и почестен сум што добивам ваква можност да работам со двете екипи – изјави камара.

Тој беше отпуштен од програмата на Ред Бул откако заврши на 11то место во својата втора Формула 3 сезона, а потоа имаше три последователни сезони во Формула 2 во кои заврши на 12то на 6то и лани на 4то место во поредокот со што ги собра потребнтеи 40 поени на својата суперлиценца.

Годинава тој имаше и тест за Индикар тимот на Карлин како и за Драгон тимот во Формула Е, а во електричната серија исто така е тест и резервен возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ