Сет Камара го објасни враќањето во Ред Бул

Серџио Сет Камара повторно ќе го претставува Ред Бул како резервен возач и вели дека сега има “отворен“ договор со тимот.

Бразилецот беше отпуштен од програмата на Ред Бул и започна нова авантура со Мекларен, но сега се врати во својот поранешен тим за 2020 година. Камара, кој се пласираше на 4то место во Формула 2 минатата година, сака да ја заработи својата можност врз основ на заслуга и смета дека Ред Бул имаат целосна контрола над нивните четири возачки седишта, што всушност ќе му даде подобра шанса да стигне до врвот.

Ред Бул имаат повеќе опции со мене доколку сакаат да ме унапредат во еден од двата тима. Договорот е отворен. Ако имате договор во кој се наведени број на тренинг сесии и слично, тоа значи дека возачот и неговиот спонзор понудиле пари на таа екипа. Тоа не е случајот со мене.

Тимот е заинтересиран во мене како возач и ми даваат нови можности. Токму таков договор посакував.

Не сакам да возам во болид бидејќи сум платил за тоа. Сакам да имам добри перформанси. Тимот одлучува кого ќе го стават во возачкото место. За мене, поради тоа Ред Бул е еден од најинтересните тимови во Ф1. Имаат две екипи, четири болида и тие контролираат кој ги вози, за разлика од малите тимови – изјави бразилецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ