Симондс изненаден колку им требало на ривалите да ги стигнат Мерцедес

Иако Пет Симондс не е изненаден од перформансите на Мерцедес во В6 турбо хибридната ера, тој признава дека не очекувал нивните ривали толку долго да заостануваат позади доминантниот тим во Формула 1.

Од почетокот на В6 турбо хибридите во 2014 година, во Формула 1 доминира Мерцедес кои стигнаа до шест последователни титули во конкуренција на возачи и конструктори. Поранешниот технички шеф на Вилијамс, Симондс, кои ги користат Мерцедес како снабдувач, вели дека нивните објекти, финансиска поддршка и инженерингот јасно покажале како тие станале доминантни.

Тоа е неверојатно импресивно. Ако ги посетите во Бриксворт, ќе разберете зошто. Тие имаат толку добри луѓе, имаат финансии, одлична опрема, фантастично лидерство со Енди Каувел. Тоа не ме изненадува, но не го очекував.

Ако се вратите и на В8 ерата, мислам дека Мерцедес имаа најсилен мотор, но немаа најдобра шасија, но штом преминаа кон Браун, тие ја освоија титулата. Тоа не го очекував.

Но, тоа што е неочекувано изненадување, со оглед на неговата улога, е периодот кој беше потребен за ривалите да се изедначат со перформанси.

Можеби уште поважно, не очекував толку долг период за другите да ги стигнат. Сега се изедначија. Мислам дека и Мерцедес би истакнале колку напред стигнаа Ферари. Но ме изненадува колку време беше потребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ