Скај со ексклузива во Италија, надвор од Германија, РАИ останува без преноси

Одговорните во Формула 1 официјално потврдија дека од оваа сезона нема повеќе бесплатни преноси во Италија и го продолжија ексклузивниот договор со Скај Италија. Државната РАИ не постигна договор со ФОМ за бесплатен пренос на трките на свите канали и британски Скај превзема цела контрола врз пазарот со договор до 2020 година.

Договорот на Скај вели дека сепак 4 трки, вклучително и Големата награда на Италија ќе бидат пренесувани на нивниот бесплатен ТВ8 канал.

Иако укинувањето на бесплатните канали е разочарување за голем дел од фановите, сепак Иан Холмс, одговорниот за медиумските права во Италија, смета дека новиот ексклузивен договор во многу ќе го подобри преносот.

Многу е важно што имаме договор кој ќе обезбеди пренос во живо на сите трки. Исто така клучно е што имаме пакет и за бесплатен пренос што секогаш ќе ја вклучува Монца која е на календарот од 1950 година.

Скај Италија покажа огромна посветеност на овој спорт и ќе им понуди на фановите поголемо искуство при преносите отколку било кога претходно, повеќе часови програма, подобар квалитет и анализи на своите канали – појасни Холмс.

Ексклузивниот договор на Скај со Формула 1 ќе значи дека тркачката серија може да заборави на својата ОТТ платформа во Италија следните три години. Германскиот дел на Скај, пак, се движи во спротивна насока од Италија и се откажа од Формула 1 преносите со што таму ексклузивноста ќе ја има РТЛ.

ОТТ платформата е најавено е платформата да стартува во Америка, Германија, Франција, Мексико и Холандија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ