Смедли: Леклер може да го подигне тимот како Шумахер

Поранешниот инженер на Ферари, Роб Смедли, смета дека Шарл Леклер има можност да го подигне тимот на начин на кој тоа го правеше Михаел Шумахер.

Иако монаачнецот во моментов е зад тандемот на Ред Бул во возачкиот поредок, многу малку од вината е кај него. Тој направи огромен напредок сезонава и единствено техничките проблеми со Ф1-75 пакетот и лошата тимска стратегија му го ограничуваат уште поголемиот успех.

Самиот Смедли мина 10 години во Маранело, најмногу како инженер на Фелипе Маса, и смета дека Шарл и големиот Шумахер имаат некои слични квалитети.

леклер, макс и луис се возачи кои може да го подигнат нивото на сите во тимот и буквално да ги влечат останатите со себе кон победи. истата способност ја имаше и михаел шумахер додека возеше во ферари кога беше опкружен од жан тод, рос браун и рори брн. таквите возачи реагираат на грешки и се подобруваат – посочи смедли.

Роб го посочи Леклер како еден од моменталните воазчи на гридот кој му се допаѓа.

луис хамилтон постигна неверојатни работи и неверојатно е што постигнуа во и надвор од патектата со своите пораки.

леклер и верстапен се возбудливи, шарл ја освојува публиката затоа што има нормална позадина, нема богато семејство во монте карло кое го одгледало и е дел од генерацијата која доаѓа заедно со ландо норис и пјер гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ