Со болки во стомакот, Хамилтон работел цела вечер

Луис Хамилтон имал блки во стомакот, но напорно работел во текот на ноќта за да дојде до перформанси доволни за пол позиција во КАтар.

Британецот не победи на ниту една тренинг сесија на Лосаил, но беше најбрз кога тоа беше најпотребно, на квалификациите за главната трка кога беше најбрз и тоа со значителна предност од речиси половина секунда од својот единствен конкурент за титула.

Седумкратниот првак откри дека имал болки во стомакот, но и покрај тоа не ја напуштил патеката до полноќ по петочните тренинг сесии работејчи со инженерите за д ги подобрат перформансите и да стигнат до првата пол позиција од Унгарското Гранд При во месец Август.

вчера беше многу тежок ден за мене затоа што не ми беше добро во четврток и во петок. имав проблеми со стомакот уште од среда и се мачев за време на тренинг сесиите. вчера беше многу тешко и останав до полноќ работејќи со инженерите за да се подобриме онаму каде што губевме.

направивме промени за т3 сесијата кои се чинеа добри и потоа го пренесовме тоа во квалификациите. благодарен сум на правовременото пуштање на патека кога немаше воопшто гужва, а последниот круг беше прекрасен.

оваа патека е неверојатна, неверојатно брза, сите кривини се средни и брзи и чувството е одлично додека се вози – потенцираше хамилтон.

На Лосаил има неколку бавни места кои може да го остават Хамилтон ранлив во првиот круг, но тој најави дека ќе даде се од себе по стартот и тркта до првата кривина.

со оглед на тоа што патеката е многу брза и од малото искуство кое сите го имаме само од тренинзите, не е најлесно место за следење на болид пред вас. но, исто така многу ги деградира гумите, а првите тројца сме на медиум во ситуација во која најтврдата гума се чини дека може доста да издржи. можеби ќе има и две застанувања, ќе видиме утре.

има доста долг дел до првата кривина, има ветер од задниот дел на болидот, но првата кривина е широка и ќе дадам се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ