Стаинер е бесен по излетувањето на Шумахер

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, изјави дека е фрустриран по излетувањето на Мик Шумахер за време на првиот тренинг во Сузука. 

Тој загуби контрола над својот болид при аквапланинг и заврши во бариерите. Поради штетата, тој не возеше на вториот тренинг и мораше да му се замени шасијата. 

Многу е разочарувачки. Требаше да вежба старт и да имаме податоци за во недела, но тој излета и многу го оштети болидот. Целиот преден дел е искршен и сега мора да му ја промениме шасијата за да се осигураме дека нешто друго не е скршено. Мислам дека е ќе се подготвиме за квалификациите – оптимист е италијанецот.

Иднината на германецот во Формула 1 не е сигурна бидејќи неговиот договор истекува оваа година, а нов сеуште не е на повидок. 

Ова е прв пат да не знаеме колку голема штета е направено и мора да прегледаме се, Затоа е фрустрирачки. Ќе имаме болид за на третиот тренинг. Момците ќе имаат многу работа за да го средат болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ