Стаинер: Кога му е денот, Гросжан е помеѓу најбрзите

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, верува дека неговиот поранешен возач, Роман Гросжан, кога има свој ден е еден од најсилните возачи во падокот.

Французинот ја заврши Формула 1 кариерата откако доби потврда дека Хаас нема да продолжат со него, а на две трки пред крајот на сезоната имаше страшен судар по кој заработи тешки изгореници на рацете. Во својата катриера, Роман стигна до десет подиуми, но не успеа да победи и најчесто беше препознатлив по грешките кои ги правеше.

секако дека тој е многу брз и кога има свој ден роман е еден од најдобрите и најбрзите во падокот. но, понекоташ премногу притиска и премногу се труди и на тој начин греши и оди над лимитот – вели стаинер.

Својата кариера Гросжан ја почна во Рено за кои одработе седум трки во 2009 година, а се врати во 2012 годин со Лотус. Во американски Хаас беше од 2016 година трансфер за кој Гутнер смета дека била храбра одлука.

бевме подготвени токму како што му ветув дека ќе бидеме. тешко беше за него затоа што во тоа време имаше неколку нови екипи кои не испорачаа ништо и згаснаа, но ние сме пинакву. тој веруваше во нас и испорача.

јасно е дека последните две години беа тешки за нас, но таков циклус има во секоја екипа. тоа немаше ништо со фактот што бевме нов тим, погрешивме лани, имаше пандемија, страдаше развојот. сето тоа му дојде лошо на него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ