Стаинер му одговори на критиките на Волф

Гунтер Стаинер му одговори на критиките на Тото Волф, а во врска со начинот на кој се однесувал со Мик Шумахер додека германецот беше дел од Хаас.

Тимскиот шеф доста го критикуваше возачот, особено посочи дека загубил верба во него по грешката која ја направи на Јапонското Гранд При лани. Откако остана без тркачко место во американската екипа, Шумахер стана тест и развоен возач на Мерцедес за сезонава.

Тото смета дека начинот на кој Стаинер го менаџирал Шумахер не е добар и дека немало да биде ништо слично доколку неговиот татко, легендарниот Михаел, бил жив и во падокот.

она што можам да го кажам е дека ако татко ми беше жив и беше околу тото, тој немаше да го каже тоа.

не беше лесно да го менаџирам мик затоа што имаше огромен притисок од надвор поради неговото презиме. тој имаше многу судари и грешки што е тешко да се прифатат од страна на тимот затоа што тоа чини многу, а моравме да се фокусираме и на буџетот поради различн работи, пред се поради ограниченото трошење затоа што инвестициите требаше да бидт направени кон развој, а не кон поправки.

не беше лесно, но тркањето никогаш не е лесно со млади возачи кои доаѓаат во формула 1 затоа што се непознаница, а никој не треба да биде во спортот ако нема перформанси – посочи стаинер.

Во својата книга Surviving to Drive: A Year Inside Formula 1, Стаинер ги открива критиките од германските медиуми на начинот на кој се однесувал со Мик, што во многу влијаело на неговите перформанси.

тие само сакаа да притиснат за да го задржат мик во формула 1 и да го посочат тимот како виновник, но тоа не беше добро за него. на крајот, тие се обидуваа да не подаелат, не беше убаво да се прочита што пишуваат и на крајот на вистина успејаад а не поделат.

тоа не беше добро за мик, тоа што го направија не беше во ред затоа што тимот сам треба да одлучи кој ќе го вози болидот, возачот од кого се задоволни. немаше потреба да се напаѓа екипата затоа што сакаат некој возач и немаше потреба да се вели дека јас не усм се грижел доволно за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ