Стаинер незадоволен: Мик самиот погреши

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека сударот на Мик Шумахер на првиот трегнинг во Јапонија било строго по грешка на самиот возач и покрај тоа што германецот ја обвини мократа патека и слабата видливост поради дождот.

Мик е дебитант во Формула 1 на јапонската патека и во својот бавен круг по вежбањето на стартната процедура, се враќаше кон гаражата, но загуби контрола и заврши во оградата силно оштетувајќи го ВФ22 болидот. Тимот реши да му ја монтира резервната шасија, но сето тоа не беше средено на време за вториот тренинг така што пропушти време во болидот.

Стаинер беше видливо фрустриран по сударот, нешто што не е многу ретка глетка во тимот годинава.

не постои ништо добро во еден судар. вие сте возач, тркач и знаете дека видливоста на мокра патека со болид пред вас е слаба, а патеката е мокра, тоа е јасно како ден. не возам јас и не кажувам колку е тешко, но никоја работа не е лесна, така што на крајот мик самиот си е виновен. врнеше, беше лизгаво и не прегледно, сите го знаевме тоа – лут е стаинер.

Запрашан дали му дал “воспитна“ на својот возач, Стаинер посочи:

понекогаш е подобро да се молчи, не разговарав со него, овој пат ќе останам смирен.

Во врска со шасијата која е променета, Стаинер посочи дека нема голема штета и дека истата е променета како мерка на претпазливост.

мораме добро да видиме, а не можеме да го сториме тоа на патеката, така што полесно беше да ја промениме сега и подоцна темелно да ја анализираме. не мислиме дека има штета, но не бевме целосно сигурни и подобро беше да се осигураме дека нема да има проблеми во остатокот од викендот.

имавме еден резервна и мирно можеме да ја промениме откако беше јасно дека нема да се вози на вториот тренинг, а потоа ќе видиме.

Од друга страна, позитивно е тоа што болидот на Хаас изгледаше многу брзо на мократа патека, Мик беше 7ми на првиот тренинг, а ако немал гужва во последниот сектор вели дека ќе бил 4ти, додека Кевин Магнусен заврши на 5то место.

не би сакал ништо да заклучувам во однос на брзината затоа што условите беа многу променливи и дури најбрзо време на некоја сесија апсолутно ништо не значи. не знам што работи конкуренцијата, секој тестира тоа што смета дека е важно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ