Стаинер: Не смееме панично да го следиме концептот на Ред Бул

Тимскиот шеф на американски Хаас, Гунтер Стаинер, демантираше дека тимот има намера веднаш да го промени концептот и да ја следи добитната комбинација која ја користат Ред Бул.

Тој предупреди од следење на концептот на РБ19 “на слепо“ и смета дека треба да се почека за да се отврди дали таквата промена ќе донесе корист на екипата. “Биковите“ се доминантни од почетокот на сезонава и победија на сите трки, така што падокот на големо размислува за промена на концептите на болидите кон оној на Ред Бул кој се покажува како добитен.

Мерцедес по првите две трки најавија дека ќе менуваат на нивниот проблематичен В14 пакет, Карлос Саинз посочи дека тимот треба да размисли за радикална промена откако драстична заостана во Мајами, додека цел на критика беа и Астон кои се посилни благодарение на копирање на концептот на тимот од Милтон Кинс.

секогаш размислувате на различни концепти, но не смее да менувате одеднаш на она што ред бул го прави затоа што имате своја шасија, свое ладење, инсталции и невозможно е се да се промени. се обидувате да извлечете повеќе од она што го имате и јасно е дека сит едаваат 100% од себе за да одат напред.

ние проценуваме во кој правец да с едвижиме следната година, но оваа треба да направиме нешто друго, да извадиме се од она со што располагаме и да видиме што работи, а што не. почеток на следење на се што прави ред бул и нивно копирање не значи дека ќе станеме побрзи затоа што треба многу време за тоа.

можеби за следната година е изводливо, но во моментов не смее панично да се реагира затоа што ионака имаме болид во средина на поредокот кој е силен. на некои трки бевме под очекувањата, но на некои изненадив,е – посочи стаинер откривајќи дека следниет два месеци тимот ќе донесе одлука за следниот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ