Стаинер: Ние го поддржавме Мик, но треба некој да не поддржи и нас

Гунтер Стаинер откри дека многу често морале да го “носат“ Мик Шумахер во изминатите две сезони кога вози за нив, но сфатиле дека како млада екипа им требало возач кој ќе може да ги поддржи нив.

Двегодишниот престој на германецот во американската екипа завршува по овој тркачки викенд по две тешки сезони за него со тимот и доста судари кои скапо чине. Неговиот развој како возач е бавен, поените дојдоа дури на средина од оваа година, но се чини дека беа прекасно.

Мислењата во падокот околу промената на возачот во Хаас се поделени, некои сметаат дека требало да продлжат да го поддржуваат Мик, а некои дека Хулк со своето искуство е вистинскиот избор за нив.

ние сме најмлада екипа на гридот, но минатите две години загубивме моментум кога дојде пандемијата. сега сакаме да се обидеме да донесеме напредок, да го однесеме тимот каде што сакаме да биде, каде што бевме во 2018 или 2019 година кои беа подобри одошто минатите две.

мик одработи одлична работа, но ние моравме да го поддржуваме него, а ни треба некој кој ќе не поддржува и ќе не повлече нас. чекавме долго време затоа што не сакавме д погрешиме со одлуката, сакавме да се осигураме дека нема да се каеме и нема да избрзаме.

чекавме подолго од вообичаено, но мислам дека во овој момент најдоброто што моежем да го направиме за тимот е да ја одбереме насоката која ќе не однесе со целта – изјави стаинер.

Во врска со лутите коментари со чичкото на Мик, Ралф Шумахер, Гунтер одговори:

не се работи за тоа дека сакам вниманието да биде кон мене, не се работи за тоа, туку се работи за завршување на работата која треба да се заврши на најдобар можен начин. ако луѓето ме следат мене, не ме гледајте, не го правам тоа намерно, таков сум.

не мислам дека јас треба да се правдам или да се бранам, сите прават што сакаат, а јас го правам тоа што сметам дека е најдобро за тимот. не сум скаран со мик, немам проблем со мик, многу добро се разделуваме со него и тој не е виновен за ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ