Стаинер: Прерано е да се зборува со Хулкенберг или Рикардо

Се чини дека Даниел Рикардо нема да се врати на гридот во Формула 1, барем не догодина со американски Хаас. 

Рикардо го загуби местото во Мекларен минатата година откако имаше две неубделиви сезони со екипата од Вокинг, а Стаинер изјави дека имал кратки разговори со австралијанецот. 

Тој сака најмалку 10 милиони долари – изјави тогаш Стаинер. 

Гунтер го донесе Нико Хулкенберг како поефтина опција, германецот кој по тригодишна пауза го замени Мик Шумахер и е среќен со изборот. 

Мислам дека на Нико му е удобно со нас. Тимот и инженерите уживаат во работа со него. Му помага на тимот да научи многу и да одиме напред. Тој ни треба нас и ние му требаме на него.

размислуваме за алтернативи, но тоа е се. Понекогаш ни одговара статус кво и да имаме мир и тишина, Но не сме зборувале околу возачите и нивни продолжувања на договорите. 

За Рикардо и неговито големо барање на плата, австралијанецот изјави дека тој сака да ја продолжи кариерата со врвна екипа. 

Во еден момент, можеби ќе зборуваме со него. Сите сакаат да зборуваат со Даниел по една година пауза, но без ветувања. Имаме нов возач на кој ќе му дадеме шанса. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ