Стаинер призна дека е во контакт со Хулкенберг

Шефот на американски Хаас, Гунтар Стаинер, призна дека неодамна стапил во контакт со Нико Хулкенберг. 

Најмладата екипа на гридот има две слободни места во тимот за наредната година и не исклучува двајца млади возачи во тимот. 

Се фокусираме на млади возачи за наредната година. Сакаме со истите да продолжиме и во 2022 година, но важно е да се постават темели за тоа. 

Во падокот се зборува дека Мик Шумахер и Никита Мазепин се фаворити за Хаас. 

Формула 2 е многу силна оваа година и нашата соработка со Ферари може да ни ги донесе овие јуниори.

Мик Шумахер најверојатно ќе заврши на прва или втора позиција, а Роберт Шварцман на четврта или петта. тие се одлична опција за нас. 

Но сепак, Стаинер сака еден искусен возач во тимот за да го води младиот возач. 

Веќе зборував со Нико. Знаеме што тој може да направи и не треба повеќе да зборувам со него за тоа што сака. Точн Знаеме се. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ