Стела: Немаме проблем со привлекување на нов персонал

Шефот на Меларен, Андреа Стела, изјави дека тимот нема проблем да привлече нов персонал и покрај лошиот старт на оваа сезона. 

Тимот немаше поени на првите две трки за прв пат од 2017 година и најавија реструктуирање на техничкиот оддел. Техничкиот шеф Џејмс Кеј си замина од својата улога и сега на негово место дојдоа тројца на различни позиции под новата структура. 

Имаме интервјуа и Мекларен сеуште е интересно место за нови луѓе кои ја разбираат нашата амбиција. Сите разбираат во каква ситуација сме и сакаат да бидат дел од правењето историја.

Не е проблем да се привлече нов талент. Ефектот на промената на моделот се покажа добар. Привлекуваме персонал кој ќе ни донесе перформанси и тоа значи дека сме агресивни како што е потребно – вели стела. 

Мекларен имаат победено на 180 трки и имаат 20 титули зад себе, но оваа година драстично заостануваат зад останатите тимови. Тимот од Вокинг последен пат победи на Монца во 2021 година додека последната титула ја освои во 2008 година. Зак Браун претходно изјави дека очекува тимот константно да се бори за победи до 2025 година и верува дека ќе успее во тоа. 

Никој не се сомнева во нашата обврска и сите веруваат во тоа. Правиме и нова инфраструктура, а Воздушниот тунел веќе го пуштивме во употреба и Сега се калибрира.

Има доста нови објекти и мислам дека доста инвестиравме во тоа. Малку забавивме поради пандемијата, но сега напредуваме. Имаме ресурси и возачи кои носат многу возбуда и ентузијазам. 

Браун се приклучи на Мекларен во 2015 година и донесе многу нови луѓе од ривалските тимови. 

Имаме доста мотивирани луѓе кои ни се приклучија или се во процес на приклучување. Сега Андреа треба да го искористи тој модел во пракса. 

Мекларен оваа година за прв пат освои поени во Австралија благодарение на хаосот на трката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ