Стела: Никој нема оправдување за заостатокот зад Ред Бул

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, посочи дека ниту една екипа од Формула 1 гридот нема оправдување за големината на заостатокот зад водечкиот Ред Бул.

Стела смета дека екипата од Милтон Кинс едноставно одработила подобро од било кој друг и во моментов е неприкосновена. Мекларен сакаат да направат чекор кон нив со рструктуирање на екипата и заминувањето на техничкиот шеф, Џејмс Кеј. Тој вели дека останатите треба добро да го анализираат РБ19 за да разберат што треба да направат за да бидат побрзи.

имавме феноменална сезона лани во однос на тоа каква беше конкуренцијата, но мораме да се помириме дека годинава ќе гледаме доминација на една екипа.

со сите информации кои ги имаме во моментов дури и со можноста да го анализираме нивниот болид за време на сесиите во петок нема никакво оправудвање за заостатокот на останатите и за да се каже дека не знаеме како да надоместиме.

сите екипи треба да ги искористат сите можности за да се подобрат. на крајот, ова е спорт во кој ако сте побрз, ќе победите на трката и нема друг начин – посочи стела.

Тој смета дека дури и со ограничувањата кои тимот од Милтон Кинс ги има како казна поради прекумерното трошење во 2021 година, тешко да кикснат.

предноста која ја имаат во моментов е доволно голема и веројатно дека нема да влијае казната која ја добија за некое големо забавување на нивниот развој. тоа е моето очекување, но би очекувал дека и останатите ќе бидат инспирирани од нивната креација, а ќе бидат и мотивирани да ги стигнат.

сезоната е долги и има доволно време да се трансформираат информациите кои се добиваат во развиј и поради тоа очекувам кон крајот на сезоната сите да бидат поблиску до ред бул.

Стела смета дека напредокот на Астон Мартин во пресрет на сезоната покажува дека силен прогрес може да се има.

астон покажаа дека се можни такви силни скокови. ако напредувате со такво темпо, може да бидете конкурентни дури и на ред бул. мислам дека тие го идентификуваа вистинскиот концепт на нивниот болид и работеа кон тој концепт и покажаа дека тоа е можно.

ние знаеме дека треба напорно да работиме за да го задржиме развојот на болидот и како што можеме да видиме во однос на тоа што се случува во позадина, позитивно глрдаме на работите, напредокот е во тек и наскоро ќе ги видиме резултатите.

од 5то до послендо место е многу густо, сите се многу блиску, така што мала разлика може да донесе голем резултат, така што јас не би можел да квантифицирам каде сме во моментов. мислам дека ред бул, ферари, астон и мерцедес се некако чекор пред сите, веројатно и алпин, а ние сме со сите останати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ