Стела: Новините од Баку нема да направат чудо

Шефот на Мекларен, Андреа Стела, ги намали очекувањата од планираниет новини на тимот кои треба да пристигнат на крајот на Април за време на Азербејџанското Гранд При.

Тимот од Вокинг уште за време на зимската пауза почувствува дека го погрешиле концептот и се насочија кон поправање на грешките, а по првите две трки се покажа дека тоа е точно затоа што не освоија ниту еден поен.

во однос на слабостите на болидот, зборуваме за аеродинамичка ефикасност, но тоа не значи дека болидот има голем отпор. едноставно, односот помеѓу потисната сила и отпорот не е голем како што сакавме, тоа е наша главна слабост – откри стела.

По отпаѓањето уште во првиот квалификациски сегмент во Бахреин, дебитантот Пиастри стигна до топ 10 во Саудиска Арабија, но штета во првиот круг при контактот со Пјер Галси му ги уништи шансите за добра трка.

бевме посилни на џеда затоа што асфалтот имаше повеќе грип и во таква ситуација се потпирате помалку на аеродинамиката затоа што гумите оздаваат грип. таквиет услови го намалуваат нашиот аеродинамички дефицит.

Уште при промоцијата на болидот од Мекалрен најавија дека голем пакет новини ќе претстават во Баку. Спортот има пауза од четири недели по Австралиското Гранд При проади отсуството на трката во Кина, така што тимот може засилено да работи на она што се очекува во Баку.

Иако Стела посочи дека бројките од фабриката изгледаат веувачки, потенцираше дека тоа нема да ги стави во топ 4 болидите и ќе им биде потребно уште работа.

во однос за новините од баку, ги гледаме бројките кои се ветувачки и се надеваме дека наместо 6ти најбрз болид на гридот ќе бидеме 5ти. но, тоа не е доволно да ги стигнеме поставените цели за сезоанва, а тоа е да имаме топ 4 болид. тоа значи дека ќе ни требаат уште новини и подобрувања освен она во баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ