Стратегијата му даде шанса на Расел

Џорџ Расел е задоволен од стратегијата на Вилијамс кои му дадоа шанса да освои поени во Шпанија, но сепак не успеа во тоа. 

Британецот сеуште се обидува да заврши во топ 10 со Вилијамс во неговата трета сезона, но неуспешно.  При крајот на трката, тој се доближуваше до Фернандо Алонсо и беше на различна стратегија од другите болиди околу него и не успеа да има подобра завршница од 14то место. 

Но сепак, тој е охрабрен од перформансите во Португалија каде заврши на 11то место иако немаше брзина во болидот. 

Имавме стратегија со едно застанување и пред мене беше Фернандо со едно застанување и брзи болиди зад него кои имаа две застанувања.

Во тој случај, јас не бев во позиција да ги задржам зад себе. Гумите беа готови и Знаеме дека имавме брзина и задоволни сме со резултатот – појасни расел.

Болидот на Вилијамс е чувствителен на ветер, но Расел е задоволен со патеката во Барселона каде болидот бил подобар. 

Балансот беше различен како ден и ноќ со Португалија. Беше мирно денес и болидот беше одличен. Бевме зад Фернандо, но го стигав и ќе се обидев да го престасам доколку немаше болиди на различна стратегија. Имав добар ден, но резултатот не ја прикажува вистинската слика. 

Неговиот колега Николас Латифи заврши на 16та позиција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ